(ВИДЕО) НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА СТАНА СТВАРНОСТ: Полетал првиот летачки автомобил, СЕ ТРАНСФОРМИРА па се спушта на пат!

Погледнете како летачки автомобил полетува од аеродромот, станува авион, а потоа продолжува да вози како автомобил…
Со децении ни ветуваа летачки автомобили, но конечно се чини дека научната фантастика стана реалност.

Првиот лет траел 35 минути
Оваа недела прототип летачки автомобил заврши 35-минутен лет помеѓу два аеродрома, слета, потоа се трансформираше и тргна по патот. Развиен е од Клајн Вижн, а „летачкиот автомобил“ користи мотор БМВ и работи со вообичаен бензин.
Има тесни крилја што се превиткуваат и се повлекуваат во автомобилот кога ќе дојде време да се вози по патиштата. Неделниот лет, кој се одржал меѓу аеродромите во Нитра и Братислава во Словачка, го извршил креаторот на „летачкиот автомобил“, професорот Стефан Клајн.
– Овој лет започнува нова ера на возила со двоен транспорт. Отвора нова категорија на превоз и ја враќа слободата што првично им се припишуваше на индивидуалните автомобили – рекол професорот Клајн по завршувањето на летото.
Антон Зајац, ко-основач на Клајн Вижн, додал: „Летачкиот автомобил повеќе не е само доказ за концептот; летањето на 2.500 метри на надморска височинасо 170 км/ч ја претвори научната фантастика во реалност“.
Автомобилот е способен за превоз на две лица со вкупна тежина до 200 кг и досега има постигнато 40 часа лет. Според компанијата Klein Vision, на прототипот на „AirCar“ му требале две години за да се развие, а производството чинело помалку од два милиони евра – приближно 1,7 милиони фунти.

Се трансформира од авион во автомобил
Потребни се нешто помалку од три минути за да се трансформира од авион во автомобил.
– Автоматско преминување од патничко кон летачко возило и обратно, исфрлање-повлекување крилја и опашка не е само резултат на пионерски ентузијазам, иновативен дух и храброст; резултат е на одлично инженерство и професионално знаење – рекол д-р Бранко Сарх, виш технички соработник во „Боинг“. Секако, пред да ги видите „AirCars“ во продажните салони ширум светот, возилото ќе мора да ги помине сите видови на тестирање и сертификати.
И, се разбира, секој што ќе добие ќе мора да има пилотска и возачка дозвола. Сепак, тоа е возбудлива можност.
Д-р Стефан Рајт, постар истражувач во областа авионика и летала на Универзитетот во Западна Англија, за Би-Би-Си изјавил: „Морам да признаам дека ова изгледа навистина кул – но имам сто прашања во врска со сертификатите“.
– Секој може да направи авион, но финтата е да се направи оној што лета, лета и лета повеќе од еден милион часа, со лицето зад воланот, без инциденти. Едвај чекам да ја видам хартијата на која пишува дека ова е безбедно за летање и за продажба.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …