(ВИДЕО) ВАКА СЕ ПРАВИ ТОА! Ова е најдобро давање отказ на сите времиња!

Давањето отказ не е нешто што се случува секој ден, а некои луѓе никогаш не го ни доживуваат
Сепак, младата Марина Шифрин им покажала на сите што се двоумат како се прави тоа, на нешто комичен начин.
Иако видеото што Марина го снимила е смешно од една страна, тоа е сосема сериозно од друга страна, бидејќи таа навистина дала отказ. Имено, оваа девојка работи во компанија што прави нови видеа, а најважно било бројот на прегледи.
Марина тогаш решила да го сними своето видео во кое, како што вели, ќе обрне внимание на тоа што содржи видеото, а не на бројот на прегледи што ќе ги има. Така, таа дошла на работа, поставила камера и започнала да игра.

Најдобро давање отказ на сите времиња
– Сега е 4:30 часот и јас сум на работа. Јас работам за фантастична компанија која произведува нови видеа. Скоро две години ги жртвував своите односи со луѓе, времето и енергијата за оваа работа, а мојот шеф го интересира само квалитетот и бројот на прегледи што ги имаше секое видео – напишано е на видеото додека девојката игра во канцеларијата.
– Така дојдов на идеја да направам свое видео. Ќе се фокусирам на содржината наместо да се грижам за бројот на прегледи и мојот шеф да забележи … дека давам отказ.Давам отказ! ДАВАМ ОТКАЗА! И, си заминувам! И, ме нема – нагласува оваа девојка на видеото.


Фото: Принтскрин/Youtube/ Marina Shifrin


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ДОБИ ШЛАКАНИЦА! Инцидент на протест против вакцинацијата во Бугарија

Демонстрант во Бугарија му удрил шлаканица на министерот за образование додека излегувал од зградата на …