(ВИДЕО+ФОТО) „МАГЛА“ – нова песна и една АПСОЛУТНО НОВА Антониа!

„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12. нумери, меѓу кои дел се веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е ‘љубов на прв поглед’ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам“, вели Антониа.

 

loading...

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Кадрите за видеото, кое изгледа светски, впрочем, каков што е и целиот овој проект, се снимени на бродот „Anchor“ на кеј, а во нив освен Антониа се појавуваат и Симон Антиќ во главната улога, Белисима Лукарова, Христијан Рангелов и Нилија Фоендо, која е од Њујорк и чија туристичка посета на земјава е искористена за да биде дел од спотот. За стајлингот, пак, беше задолжена Викторија Бурсаќ, за шминката Даниел Николовски, додека фотографијата е на Мартин Трајановски.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

„Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардероба која е нарачувана од странство и е од брендовите Pretty Little Thing/Akira/Oh Polly, до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло“, вели Гиговска.
Дали целта е постигната останува последниот суд да го даде публиката. Младата пејачка верува во песната, а ние веруваме во сите вас. Уживајте!

Фото: Принтсктин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …