„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста има можност денес премиерно да ја преслуша, а е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.
View this post on Instagram
Песната, во која Антониа верува и која „влегува во уво“ на прво слушање, е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кусо време да го носи предзнакот – летен хит. Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.
View this post on Instagram