(ФОТО) Пред судот изјавила дека целото нејзино семејство треба да ОДИ ВО ЗАТВОР за се што и направиле: После тешките обвинувања се огласила и сестрата на Бритни Спирс

Пејачката Бритни Спирс води правна битка со нејзиниот татко Џејми, кој веќе 13. години ги контролира нејзините животни одлуки, финансии и кариера.
По шокантнната исповед на Бритни на суд и признанието дека нејзините старатели и забранувале да води нормален живот, ја спречиле да има дете со медицински средства и и забраниле да се омажи со договор за старателство, таа го обвинила целото нејзино семејство и рекла дека сите треба да одат во затвор.

После острите зборови на суд и дебатата во медиумите, сестрата на Бритни Спирс се почувствувала повикана бидејќи пејачката го спомнала целото семејство.

„Здраво, луѓе, сакам да разјаснам неколку работи. Единствената причина што не сум кажала ништо јавно е сестра ми. Таа е само сега подготвена да зборува јавно за ова. Таа рече што рече и почувствува потреба да зборува за сè. Горда сум на неа. Горда сум затоа што конечно го доведе во прашање сè што и го реков пред многу години. Не е за јавност, туку е помеѓу сестрите”, напиша Џејми Лин Спирс.

Џејми Лин и Бритни

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс изјавил дека сака што е најдобро за Бритни, за да можат нејзините синови да ја посетуваат.
Кевин Федерлајн (43) и Бритни Спирс (39) беа во брак од 2004. до 2007. година.
Имено, Кевин има старателство над нивните две деца, Шон (15) и Џејден (14), а сега тој одлучил да ја поддржи неговата поранешна сопруга во борбата против старателството што нејзиниот татко Џејми Спирс (69) го има над неа.

Бритни со поранешниот сопруг

Кевин преку својот адвокат го коментирал старателството кое Бритни сега сака да го откаже.
„Не е важно колку старателството донело позитивно во минатото, ако тоа сега негативно и штетно влијае на нејзиното ментално здравје“, рекол Кевин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …