Како без клима да преживеете на 40. степени

Без климатизација, топлотниот бран станува многу опасен за здравјето, особено ако немате можност да одите на базен или некое капалиште. Како да преживееме без клима?

Постојат лесни трикови кои ќе ви помогнат да се справите со топлината без клима, според Си-Ен-Ен.

loading...

Останете хидрирани
Сигурно веќе знаете дека хидратацијата е првиот и најважен чекор за ладење. Температурата на водата не е важна. Вашето тело треба да се олади, не може без доволно вода, бидејќи се лади со потење.

Ладен туш
Друг лесен начин за ладење на вашето тело е со намалување на неговата базна температура. За дополнително освежување, користете сапун од нане. Ментолот ги активира рецепторите на мозокот кои му кажуваат на вашето тело дека нешто што јадете или чувствувате е ладно.


Ладни облоги
Ставете ладни облоги или пакувања мраз на зглобовите или околу вратот за да го оладите телото. Точките на пулсот се области каде крвните садови се близу до кожата, така што побрзо ќе се оладите.


Затворете ги завесите
Ако имате прозорци што ги осветлува сонцето наутро до попладне, не заборавајте да ги навлечете завесите (или ролетните) за да спречите загревање на просторијата. Можете исто така да инсталирате затемнети завеси за да ја изолирате просторијата од надворешни влијанија и да го намалите пробивот на топлина.

Спијте во памучни чаршафи
Памукот е еден од материјалите што најмногу дише, па памучните чаршафи или прекривки ќе ви помогнат да се разладите во текот на ноќта.

Не ставајте облека во фрижидер
Можеби сте чуле за ладење со замрзнување на влажни чорапи, ќебиња или облека, а потоа носење на тие парчиња додека спиеме. Но, тоа не е добра идеја, бидејќи брзо ќе се загреат на телото. И тогаш би имале влажни работи на себе и на вашиот душек, кои дефинитивно не ги сакате.

Подгответе храна наутро
Топлината на шпоретот може да се прошири низ целата куќа. Ако имате можност да подготвувате храна надвор, не заборавајте да ја користите. Ако не – гответе ноќе или рано наутро.

Јадете сладолед
Јадењето сладолед може да ви помогне да се разладите за момент. Но, не претерувајте со шеќер затоа што може да се случи спротивен ефект. Шеќерот може да го покрене вашиот метаболизам и да доведе до чувство на поголема топлина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …