(ВИДЕО) Ова е најбрзиот полициски автомобил

НЕ Е ТАЈНА дека во Америка ги обожуваат камионетите, а силите на редот таму ги сакаат подеднакво.
Не е чуден избор, особено со оглед на неодамна обновениот перформанс на Ford F-150 во „Полициски одговор“. Верувале или не, овој камионет е, според тестовите на државната агенција, најбрзото полициско возило на редот на американските сили.
Новата верзија има зголемена максимална брзина. Имено, порано овој модел можеше да достигне 160 км на час, а сега може да оди и до 197 км на час. А според тестовите спроведени од полицијата во Лос Анџелес и Мичиген, забрзувањето е драстично подобрено, па Форд забрзува 96 км на час за 5,4 секунди, додека за 13,1 секунда ќе достигне 160 км на час, што е најдобар резултат во конкуренцијата од сите полициски возила. Возилото исто така беше тестирано во спринт од четвртина милји, што заврши секунда побрзо од неговиот претходник, за 14,4. секунди.


Под хаубата се наоѓа 3.5 V6 твинтурбо мотор со 400 КС и 678 Nm, споен со 10-степен автоматик и погон на сите тркала. Сите полициски возила добиваат и пакет FX4 за теренско возење.
Ако се вратиме во Европа, полициските сили се уште побрзи. Земји како Германија и особено Италија се во водство тука, каде што често имаат по неколку „спортисти“ како Ламборџини.

Фото: Ford


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Како звучи студениот старт на еден од најмоќните автомобили на денешницата?

Bugatti Chiron Super Sport 300+ чини 3,5 милиони евра, а планирана е ограничена серија од …