(ВИДЕО+ФОТО) Снег и град ја окупира Европа – Невреме во Штутгарт ги поплави патиштата, во Франција паднал 60 см град. Погледнете ги снимките!

Швајцарија, дел од Германија и источна Франција беа погодени од силно невреме, со обилни дождови, кои парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, соопштија денеска локалните власти.
Засега нема извештаи за жртви во Германија, додека пет лица се повредени во Швајцарија.


Поплавенас подземна железница во Штутгарт
Во Штутгарт се поплавени неколку тунели на подземната железница во предградијата, што предизвика делумно запирање на сообраќајот, соопштила градската полиција на југозападот на земјата.


Се очекува силно невреме во регионот, со налети на ветер до 100 км/ч, да се придвижат кон центарот и источно од земјата.
„Во моментов, возовите не можат да сообраќаат во регионот на Штутгарт“, рекле од Дојче Бан.
Силните налети на ветрот го оштетија покривот на Операта во Штутгарт, па претставите беа откажани.

 

Баварија, Пфалачката и Северна Рајна-Вестфалија исто така беа погодени од невремето и подрумите беа поплавени, па според локалните власти имало многу пожарни интервенции.
Германската метеоролошка служба (ДВД) предвидува нови бури во другите региони на северот и истокот на Германија за вторник.

Град и силен ветер во Франција
Во Франција, регионот Вогесе исто така бил погоден од невреме во вторникот во средината на денот.
Околу 60 сантиметри град падна наеднаш врз општината Пломбиерес-ле-Бан, додека во блиската општина Брујерес беа забележани 10 мм дожд за само шест минути.

Подрумите биле поплавени со вода а дел од домовите останале без електрична енергија откако ветерот ги оштетил далноводите. Откако поминало невремето, улиците биле исчистени со трактори.

Француската метеоролошка служба издаде предупредувања за бура за целиот североисток на земјата, или 54 департмани.
Засега нема извештаи за повредени во Франција.

Грмотевици, силен ветер и град ја погодија Швајцарија во понеделникот вечерта. Во кантонот Фрибург пожарникарите и полицијата интервенирале 300 пати.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …