(ФОТО) „Специјален“ одмор за Кенан и Синем

За Кенан Имирзалиоглу, ѕвездата од сериите „Езел“ и „Карадај“, и неговата сакана Синем Кобал ова е посебно лето затоа што ќе го поминат со новородената ќерка Лалин.  Посветените родители, загрижени за здравјето одлучија да летуваат на Егејот во приватна вила иако првичниот план беше летување во Мармарис.
Кенан и Синем ја сменија рутата и наместо во Селимије, Мармарис кое е познато монденско одморалиште, се одлучија да имаат поинаков одмор ова лето. Славната двојка, чиј среќен брак беше крунисан со раѓањето на нивната ќерка, во октомври 2020 година, презеде мерки на претпазливост за на Лалин даи биде удобно и да бидат заштитени од коронавирусот.

За потполна сигурност на својата ќерка и сопруга, Кенан изнајми вила во напуштен залив на Егејот.Иако имаше големо покачување на цените на вилите на Егејот заради пандемијата и месечната цена за изнајмување на луксузни изолирани вили во просек изнесува 250.000 турски лири славниот актер не штедеше, а со оглед на успешноста не неговите серии може да си го дозволи луксузното летување.
Синем Кобал сподели уникатни фотографии од примамливото море на својот Инстаграм профил.

Парот ова лето ќе го помине изолирано во својата изнајмена вила на Егејот, а ние ќе уживаме гледајќи го Кенан во улогата на неодоливиот Махир Карадај на каналот Dizi Macedoniaсекој ден од 21.20 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …