(Рецепт) Салата со пилешко, сирење и јајца за сите кои одбегнуваат јагленихидрати

Ако сте и вие меѓу оние кои ги следат правилата за кетогена диета, тогаш можеби ќе ве интересира рецептот за оваа салата. Кетогената или кето диетата е посебен начин на исхрана што подразбира драстично намален внес на јаглени хидрати и зголемен внес на маснотии, како и адекватен внес на протеини.
Кога јадеме на овој начин, телото влегува во состојба на кетоза, што значи дека наместо јаглехидрати троши маснотии како примарен извор на енергија.
Салатата со пилешко, јајца и сирење е полна со протеини и содржи минимална количина јаглехидрати, па затоа е идеален оброк за сите оние кои сакаат да јадат во согласност со кетогената диета.
Состојки за КЕТО Салата:
– 1 мала пилешка шницла
– половина авокадо
– 1 јајце
– 1 домат
– грст зелена салата
– 50 гр свежо козјо сирење
– малку кромид (по избор)
– масло, оцет, сол и црн пипер

Подготовка:
1. Сварете го јајцето. Пилешкиот стек испечете го на скара или обична тава. Измијте ги зелената салата, доматот и авокадото и исечете ги на помали парчиња.
2. Исечете го печеното пилешко на ленти. Излупете го јајцето и исечете го на парчиња. Исецкајте малку кромид, и ако не ви се допаѓа, изоставете го од рецептот. Ставете ги сите состојки во сад. Зачинете со масло, оцет, сол и црн пипер. На крај, на салатата, додадете козјо сирење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …