„Љубовни аматери (Двонасочни новели)” од Александар Прокопиев излезе од печат во издание на „Прозарт медиа“  

Со задоволство Ве информираме дека книгата „Љубовни аматери(Двонасочни новели)” од Александар Прокопиев излезе од печат во издание на издавачката куќа„Прозарт медиа“.

Се работи за, како што вели Фиона Сампсон: “…соновиден, опсесивен свет во којшто сè има свое значење. Оваа техника не мистифицира ништо. Напротив, сè е поврзано. Прокопиев ни го нуди образецот на писателската сензибилност. Значењето на нештата е во нивната резонанца. И така, многу брзо, успева да нè заведе”.


За книгата НаташаАврамовска ќе каже:
„Оваа проза ја испишува историјата на запоседнувањето на сопствениот (љубовен) идентитет оттаму исповедниот тон на јас-раскажувањето кое како и секоја историја, допишува, домислува, станува мит: интертекстуално и автореференцијално мултиплициран, разигран и расплисиран во жонглирањето со фрагментите на семиотничкиот ред и на нивото на нарацијата и секако на рамништето на нејзината рецепција.”


Иван Џепароски, пак, за делото пишува:

“… Но ако авторот (наратор) добива главоболка пишувајќиго романот, ние, како читатели, сме радосни, среќни и собистра глава, така што не можеме да го испуштиме романот одрацете од првата до последната страница, го читаме во еденздив, како што во еден здив се играат и најубавите игри. Накрајот, иако среќни, но и малку зазбифтани, сфаќаме декатокму затоа играта во ова дело на Александар Прокопиев,како и секоја потрага послободата, имарамномерно-зазбифтано дишење, но едновремено, има и еденслатко-горчлив вкус што се јавува при нејзинотоконсумирање.

Аленсандар Прокопиев е прозаист и есеист.Работел во Институтот за македонска литература како редовен професор на пост-дипломскитестудии по културологија.Објавил дваесетина книги. За збирката раскази“Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ во 2012година.Делата на Прокопиев се преведени на англиски,јапонски, француски, чешки,германски, унгарски,полски, италијански, руски, српски, хрватски, словенечки, бугарски и други јазици. Самиот Прокопиев активно преведува од неколку балкански јазици. Член е на македонскиот ПЕН и на Независнитеписатели на Македонија.Прокопиев е уметнички директор на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан.

„Љубовни аматери(Двонасочни новели)” е објавена со помош на Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Програма на 46. МОТ за 3. декември: „Модиљани“ и „Срам“

Програма на 46. МОТ за 3.12. 3 декември (петок) МОДИЉАНИ / ПИК Продукција режија: Сибел …