(ФОТО) Што е пожешко – Колин Фарел или асфалтот?

Актерот Колин Фарел, кој е познат по тоа што секогаш се грижи за својот физички изглед, бил фотографиран додека во саботата џогирал во Лос Анџелес.
На фотографиите, Фарел (45) е без кошули и во кратки панталони, а неговите извајани раце и стомачни мускули покажуваат дека може да се биде во добра форма и на неговата возраст.


Инаку, актерот се врати во Лос Анџелес по патувањето во Австралија каде ја сними биографската драма на Рон Хауард „Тринаесет животи“.

На почетокот на овој месец, американските медиуми пишуваа дека Колин повторно ќе работи со актерката Рејчел Вајс, колешка од мрачната романтична комедија „Јастог“, на друг филм од истиот жанр наречен „Дете на љубовта“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …