(ФОТО) Фудбалот во Македонија постоел и во 1931. година: Најстарите копачки се во Музејот на Република Северна Македонија

Сакале или не фудбалот е моментално тема број 1 кај љубителите на спортот не само во нашата земја туку и во Европа бидејќи во тек е Европското првенство во фудбал. Токму поради тоа ја донесуваме приказната за првите зачувани копачки од наши простори кои се во Музејот на Република Северна Македонија…
„Најстарите зачувани фудбалски копачки во Македонија се дел од постојаната поставка на музејот. Тие датираат од 1931. година, а биле сопственост на Ѓорѓи Соколов Клинчаров – Сокол, фудбалер на ФК „Слога“ од Велес и спортски активист во тој град. Копачките ги користел во периодот од 1931. до 1935. година додека настапувал за ФК „Слога“. Истите се тешки 700. грама, изработени се од црна кожа и на долниот дел имаат цврст ѓон врз кој се поставени седум крампони. Од горната страна имаат по едно ремче кое служи за поефикасно да ја држи ногата во копачката.
Овие копачки најверојатно се од македонско производство. Имено, по крајот на Првата светска војна во македонските градови престојувале англиски единици. Во тој период биле одиграни три натпревари помеѓу македонската фудбалска екипа „Напредак“ и членови на англиските единици. Откако тие заминале за Англија, во знак на благодарност испратиле 11 пара копачки за фудбалерите на „Напредак“. По нивниот модел некои македонски кондураџии започнале да изработуваат копачки, а познати се мајсторот Ангел Јосков од Велес, Димитар Стојановски – Мито од Битола итн. Токму некој македонски кондураџија ги изработил копачките на Сокол кои денес ви ги претставуваме“.


Фото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …