СОЛАРНИТЕ СИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈНАПРЕДНИ И НАЈИНОВАТИВНИ ВО РЕГИОНОТ

НА КОМПАНИЈАТА “СУНСМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ” НА 23.06.2021 И Е ДОДЕЛЕНО – ВИСОКО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС КОН ОСТАВРУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ – SDGs.

ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА СОЛАРНИТЕ СИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈНАПРЕДНИ И НАЈИНОВАТИВНИ ВО РЕГИОНОТ ВЕЛИ ИВАН ПОПОВИЌ СОПСТВЕНИК НА КОМПАНИЈАТА – СУНСМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ


На церемонијата за доделување на наградите беа присутни со свои обраќања високи владини представници, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, постојанатата координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак, извршната директорка на Конект, г-ѓа Никица Кусиникова.

Донесени се  стратегии за енергија, енергетска ефикасност и обезбедување стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Минатиот месец го преставивме и Интервентиот план за инвестиции 2021-2027 кој предвидува инвестиции од 8,175 милијарди евра, посочи вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,


Г-динот Иван Поповиќ еден од сопстениците на компанијата “СУНСМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ” изјави дека му е особена чест и задоволство примањето на ова високо признание особено што е во групата на останатите македонски бренд компании како што се ЕВН Македонија АД Скопје, Македонски Телеком, Алкалоид АД Скопје, Пакомак ДОО Скопје, Ван Хоол Македонија ДООЕЛ, Кам Маркети, Макпетрол АД Скопје, Макпрогрес ДОО, Пивара Скопјe, Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје;

КОМПАНИЈАТА “СУНСМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ” Е БРЗО РАСТЕЧЕКА ИНОВАТИВНА КОМПАНИЈА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА НАЈИСПЛАТЛИВ СОЛАРЕН СИСТЕМ – SUNSAMART СО НАДОГРАДЕНИ ФУНКЦИИ КОЈ ОВОЗМОЖУВА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ДОВОЛНО ЕФТИН ПРИСТАП НА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, СЕМЕЈСТВО, КУЌА ИЛИ ДОМ ВО Р. МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО.

РАЗВОЈОТ НА СОЛАРНИОТ СИСТЕМ – SUNSMART БЕШЕ ПОДРЖАН ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПРИ ШТО БЕШЕ СНИМЕНА МОМЕНТАЛНАТА НАЈДОБРА И НАЈЕФИКАСНА ТЕХНОЛОГИЈА НА СОЛАРНИ ИНВЕРТОРИ ВО СВЕТОТ И НА НИВ Е НАПРАВЕНА НАДГРАДБА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ДИЗАЈН, ПОДОБРУВАЊЕ И ИНТЕГРИРАЊЕ НА НОВИ ФУНКЦИИ. СОЗДАДЕН Е “НОВ СОЛАРЕН СИСТЕМ – SUNSMART” УНИКАТЕН ВО СВЕТОТ СО МНОГУ ПОВЕЌЕ ФУНКЦИИ КОИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ НЕГОВАТА ЕФИКАСНОСТ И ОВОЗМОЖИВААТ СОЛАРНИТЕ СИСТЕМИ ДА СЕ ИНСТАЛИРААТ СЛОБОДНО, БЕЗ СЛОЖЕНИ ЗАКОНСКИ ПРЕЧКИ. СЕТО ТОА Е НАПРЕВЕНО ВО СОРАБОТКА СО “ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – ФЕИТ, ПОТОЧНО КАТЕДРАТА ЗА ЕЛЕКТРОНИКА.

Гланиот менаџер, и еден од власниците на компанијата SUNSMART г-дин Иван Поповиќ вели дека досега е направен само еден од визионерските чекори со развојот на ваков напреден СОЛАРЕН СИСТЕМ кој генерира електрична енергија, со оглед на ценовните шокови и растот на цената на елекетрична енергија која не очекива во нареднит период и тој е неминовен.

Компанијата SUNSMART e член од конзорциумот од Македонски производители од соларниот сектор членови на СОЛАР МАКЕДОНИЈА како матица а тоа се PIKCELL group – производител на  високо квалитени соларни панели, KAMEL SOLAR – компанија производител на комбинирани соларни и термални панели и EKO SOLAR – компанија производител – на соларна сушара, меѓусебно компатабилни со своите производи.

Дејноста и активноста на овие компании МОЖЕ ЗАЧИТЕЛНО ДА ГО НАМАЛИ ЦЕНОВНИОТ ШОК ШТО НЕМОНОВНО ЌЕ СЛЕДИ ВО ОДНОС НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА И ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СТАНДАРДОТ НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН И РАБОТАТА НА КОМПАНИИТЕ.

КАКО МЕНАЏЕР НА КОМПНИЈАТА – СУНСМАРТ ПРЕДЛАГАМ И АПЕЛИРАМ НА НИЗА МЕРКИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА И КОМПАНИИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА СО КОИ ТРВРДАМ ДЕКА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ БИ БИЛЕ НАМАЛЕНИ ЗА 50% ВО ОДНОС НА ЕКОНОМИЈАТА СО РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СТРУЈАТА;

  1. ПРВИОТ ПОЗИТИВЕН ЧЕКОР Е НАПРАВЕН А ТОА Е НАМАЛУВАЊЕ ДДВ-ОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА 5% ШТО Е ВИСТИНСКИ ЧЕКОР И Е ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ
  2. ВТОРИОТ ЧЕКОР Е УКИНУВАЊЕ НА СТАПКАТА – ДДВ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ КОИ ГЕНЕРИРААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА МОЌНОСТ ДО 20KW.

(би напомнал дека инсталацијата на соларните системи кои генерираат електрична енергија реално се поскапи за 50% од инсталацијата на соларните системи кои греат топла вода. При тоа физичките лица се наоѓаат до нерамноправна положба во однос на компаниите бидејќи комапниите го враќаат ДДВ-от а физичките лица не, и во таа насока за нив инсталацијата на соларните системи е поскапа.)

  1. ТРЕТИОТ ЧЕКОР Е КРЕДИТИРАЊЕ ОД СТРАНА НА УНИВЕРЗАЛНИОТ ДОБАВУВАЧ (ЕВН) ПРЕКУ СМЕТКИ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА СОЛАРЕН СИСТЕМ (ON-GRID ОД ЗАТВОРЕН ТИП) СПОРЕД СИТЕ ЗАКОНСКИ РЕГУЛАТИВИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА И КОМПАНИИ СО ШТО БИ СЕ ОБВРЗАЛЕ СО ДОГОВОР ДЕКА НЕ БИ ГО СМЕНИЛЕ ДОБАВУВАЧОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ВРЕМЕ ТРАЕЊЕ НА ЕКСПЛАТАЦИЈА НА СОЛАРНИОТ СИСТЕМ А ТОА Е 25 ГОДИНИ.

Свесни сме на фактот дека EVN e приватна команија но со ваков гест би покажала свесност кон својот допринос кон мактро економскта стабилност во земјата, допринос кон користење на зелените извори на енерија и би рекол уште еден пат би го потврдила своето значење и примат во дистрибуција и тргување во енергетскиот сектро во РСМ.

На овој начин со помасовна инсталација на соларните системи пред се кај граѓаните и помалите компании со низа горе наведени поволности би се намалиле негативните ценовни ефекти при порастот на цената на струјата вели менеџерот на компанијата SUNSMART.

Исто така сведоци сме дека ковид кризата предизвика големи промени во функциниорањето на компаниите и нивното деловодно работење.

Покрај он-лине работењето за останатите дејности компанијата SunSmart како производител воведе новина во своето работење а тоа е непосредна комуникација со крајниот корисник при што истиот ги добива набавните цени со комплетните материјали за инсталација. Техничката подршка за инсталацијата е бесплатна а по потреба корисникот ангажира специјализирана компанија или лице кое со наши инструкции ја завршува инсталацијата. На тој начин значително се намалуваат трошоците на крајниот корисник при што посредникот или застапник во класична смисла веќе не постои.

Нашата маркетинг стратегијата ја пресликавме од стратегијата на маркетинг лидерот Елон Маск кој продажбата на своите соларни системи во Америка ја конципираше на овој начин со значителен успех при продажба кај крајните корисници.

Уште би напомнал дека конзорциумот од Македонски производители од соларниот сектор членови на СОЛАР МАКЕДОНИЈА како матица а тоа се SUNSMART – производтел на инвертори, PIKCELL group – производтелна  високо квалитени соларни панели, KAMEL SOLAR – компанија производител на комбинирани соларни и термални панели и EKO SOLAR – компанија производител – на соларна сушара меѓусебно компатабилни, со заеднички настап на останатите странски пазари пред се во околните земји можат да остварат голем успех.

Иван Поповиќ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега – Неограничен мобилен интернет засекогаш на најбрзата мобилна мрежа

А1 Македонија со задоволство најавува збогатување на новогодишната кампања и продолжува со неверојатно атрактивни поволности …