(ВИДЕО) Отворено со Роберт Билбилов: „Кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и’ те нервира и те засмева!“

Роберт Билбилов 20 години е на музичката сцена и како композитор и како пејач. Не мислел да пее, ама „Тајните ангели” која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач.


Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината.
Неговиот татко, починатиот композитор Хилми Билбил, е автор на една од најпопуларните фолк-песни кај нас, „Бисер балкански”. Па не случајно и на Билбилов компонирањето му е во гените. Од дете ги учел тајните на музиката и сѐ она што ќе му кажел татко му.
„Татко ми почина кога имав 15 години. Знам, ќе ми оставеше касета со некоја песна и пред да оди на работа ќе ми речеше да пробам да ги најдам нотите. Во тоа време се натпреварував со него, сакав да му покажам дека можам да завршам сè, па знаев и уморен и ненаспан да го чекам да си дојде за да му се пофалам”, се сеќава Роберт. Тој со многу емоции зборува за својот татко. Вели дека често на својот син му раскажува приказни за детството и времето поминато со познатиот композитор.
„Давид сака да знае сè за дедо му, ме прашува за него. Разговараме ние и за девојки, има симпатии и страв му е едната да не му се налути заради другата. И многу ме потсетува на мене. Знаеш, кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева”, раскажа Роберт за „Репортер”.
Разговаравме за времињата кога се дружел со Јован Јованов и Врчак. Ни откри и во какви односи е сега со поранешната сопруга Ана со која беше во пет години во брак и со која го има синот Давид.

“И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете”, ни рече Роберт. За ова, но и зошто не би сменил ништо од минатото и пак би избрал да стане татко на 24 години…. гледајте го интервјуто.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ова се десетте најдобри воени филмови на сите времиња

ЧИТАТЕЛИТЕ на порталот Ranker ги обожаваат топ листите, а овој пат гласаа за најдобар филм …