(ВИДЕО) Починал пејач на славен рок бенд: Немал пари за лекување!

Пејачот на „Скид Роу“, Џони Солинџер починал на 56-годишна возраст, откако им порачал на фановите дека има оштетување на функцијата на црниот дроб.
Другите членови на бендот ја потврдија тажната вест, објави „The Sun“.
„Тажни сме што ги слушнавме вестите за нашиот брат Џони Солингер, мислите се насочени кон неговото семејство, пријателите и обожавателите“, изјавиле тие.
„Господ нека биде со тебе. Поздравете го Скрапи во наше име”, додале Рејчел Болан, З.П. Тиарт, Змија Сабо, Роб Хамерсмит и Скоти Хил.

Солингер во мај им открил на фановите дека има здравствени проблеми.
„Јас сум во болница последниот месец. Ми дијагностицираа нарушена функција на црниот дроб, а прогнозата не е добра. Како и повеќето музичари, немам здравствено осигурување и е многу тешко да се обезбеди соодветна грижа без тоа“, рекол тој.
Солингер изјавил дека пиел „најмалку седум различни лекови“ и дека мора да оди да вади течност од стомакот на секои два дена.
„Изгубив многу сила и исто така ќе ми треба физикална терапија“, рекол тој, додавајќи дека бил принуден да собира средства за да ги плати своите сметки за грижата во болницата.
„Не би ве прашал ова ако навистина не ми требаше вашата помош, но за жал сум во ваква состојба“, им рекол тој на обожавателите, додавајќи дека брзо се заморува и затоа не му се јавуваат на телефон или му праќаат пораки, освен ако не е апсолутно потребно.
„Ве сакам сите“, рекол на крајот, заблагодарувајќи се за помошта.
Солингер се прослави како фронтмен на групата „Скид Роу“ кога групата се реформираше во 1999. година. Тие претходно се распаднаа во 1996. година, кога Себастијан Бах ја напушти групата.
Музичарот беше на два од албумите на бендот и на два ЕП пред да замине во април 2015. година а беше заменет со Тони Харнел, кој замина само осум месеци подоцна. Солингер рече дека отишол да направи соло кариера, но бендот тврди дека го избркале.

Екран.мк/The Sun

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …