(ВИДЕО) Новак изнел забелешки за мерките на Вимлбдон: „Не сакам ‘балон’!“

Новак Ѓоковиќ и се обратил на јавноста во празната конференциска сала пред Вимблдон, каде мерките ќе бидат ригорозни.
Сите тенисери имаат можност да бидат присутни на турнирот со само три лица во штабот, мерките се строги во Англија, каде минатата година беше откажан Вимблдон.


Сепак, тој е задоволен од можноста да игра наВимблдон, иако Новак има забелешки на оваа мерка кога станува збор за бројот на луѓе во седиштето.
„Дојдов тука со три лица во тимот, ни рекоа дека тоа е дозволено, само тие се тука, ние сме во официјален хотел и не е нешто што ми се допаѓа, не сакам да сум во ‘балон’, но не е прв пат, се надевам дека е еден од последните ‘балони’ во кои ќе се најдеме. На крајот на краиштата, убаво се забавувавме овие неколку дена во Лондон, нема многу луѓе наоколу и тоа ви дава можност да шетате послободно и да дишете свеж воздух. Ограничувањето на движењето не е идеално, но е исто за секого и сè е исто за сите“, изјавил Новак.
Едно од првите прашања за Новак било дали се менува перспективата со 20 грен слема, доколку го освои Вимблдон.

„Имам 19. титули, без разлика дали се менува перспективата од 20., не знам, ќе видиме за две недели, се надевам. Грен слемите се најголемата мотивација сега, во овој момент од кариерата. Сакам да освојам што поголем број Грен слемови, имам среќа да играм најдобар тенис кога е најпотребно. Сега го намалив бројот на турнири, се грижам за распоредот, поминувам повеќе време со моето семејство. Правам сè за да бидам на највисоко ниво на Грен слем турнирите, така ќе биде и во иднина, самодовербата е тука. Играв добро на Ролан Гарос, тој турнир однесе многу од мене физички, психички, емоционално, но ми врати неверојатно многу позитивна енергија. Немав многу време да славам, 4. дена подоцна, бев на трева и започнав да тренирам“, рекол Ѓоковиќ.

Овој турнир нему му носи посебен шарм, потсетил дека како седумгодишно дете, неговиот посебен сон било да го освои Вимблдон.
„Навистина е поинаку, вие доаѓате на централниот терен и нема реклами, нема транспаренти, сè се врти околу тенисот. Целиот фокус е насочен кон играчите и теренот, фасцинантно е за секого. Во денешниот свет на материјалностите има многу рекламирање, Вимблдон успеа да ја одржи таа култура на традицијата, која е феноменална“.

Новак ќе ја отвори програмата на Вимблдон на Централниот терен во понеделник во 14:30 часот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОТОВО Е – КРАЈ НА ЕДНА ЕРА! ЛИОНЕЛ МЕСИ НАЈАВИЛ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА: „Нервозен сум, но одлуката е донесена!“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси, најави дека Светското првенство во …