(ФОТО) ШОКАНТНИ ФОТОГРАФИИ НА СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА: Стасала до 109. килограми а потоа поделила ДИЕТА и фотки откако ослабнала!

Изгубила дури 46. килограми.
Џесика Симпсон, актерка и дизајнерка, на својот Инстаграм профил открила дека изгубила 46. килограми за шест месеци. Вежбала со тренер, а тој и рекол дека мора да извршува пет задачи секој ден: да биде свесна за нејзината цел, да ја елиминира целата технологија на еден час, да спие доволно, да јаде здраво и да вежба.
Тренерот и рекол дека не треба да биде опседната со мерење и дека нема да поставува цел, односно точен број на килограми што Џесика треба да ги изгуби.

Главната цел е лицето да стекне здрави и одржливи навики. Секоја вечер пред спиење, Џесика испраќала електорнска пошта во која пишувала дали ги завршила петте задачи што ги дал. Претежно успеала да се држи до сите задачи и успешно да ги заврши, а резултатот е 46. килограми помалку.
За Џесика ова била трета бременост, а разликата што ја направила овој пат за да ослабне е вежбањето. Имено, по првите две бремености, таа внимавала на својата исхрана, но не вежбала.

Почнала полека да вежба, а нејзината прва задача била да направи 6.000 чекори секој ден, а со текот на времето станале 12.000. Сепак, и требало повеќе од дневни прошетки. Џесика вежбала три пати неделно во теретана со тренери по 45 минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …