(ФОТО) Надал се повлече од Вимблдон и ОИ па е сликан како се забавува на јахтата од 6,4 милиони долари

Рафаел Надал по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос реши да направи мала пауза од тенисот, наведувајчи дека има повреда на петата. Но, објавени се и фотографии од неговата забава на луксузната јахта.
„Кралот на земјата“ беше победен во Париз само по трет пат на Ролан Гарос, и овој неуспех тешко го поднесе. Тој реши да ја прескокне сезоната на трева и славниот Вимблдон, а најави дека нема да се натпреварува ниту на Олимписките игри.
Шпанецот подоцна на сопствената академија се пошегувал на своја сметка за поразот од Новак (Србинот беше единствениот што го победи двапати на Отвореното првенство на Франција), а потоа целосно исчезна од јавноста. До петокот.


Имено, фоторепортерите на шпанскиот весник „ИХола“ објавија серија фотографии на кои се гледа како Рафа го поминува времето и се забавува со семејството и пријателите.
Надал е голем fanубител на јахти, па и самиот тој во неколку наврати истакна дека би сакал да поседува јахта.
Минатата година ја зголеми својата поморска флота со катамаран „Санриф 80“, кој вреди 6,4 милиони долари.
Направен е за долги крстарења, долг е 24,4 метри, а е помал од неговата друга јахта „Бетовен“.
Јахтата може да прими 12. лица во секое време, и е опремена со луксузен мебел. Од внатре го одзема здивот, па има огромна спална соба со двоен кревет свртен кон прамецот, бања со туш, гардероба и огромни прозорци што ја прават оваа соба да се „капе“ на сонце.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …