splash water

Симптоми на ДЕХИДРИРАНОСТ: Како да се препознае дека на вашиот организам му недостасуваат течности?

Дехидрацијата е негативен баланс на водата во организмот
Дехидрираноста може да биде придружна појава на низа болести, но може да биде и независен проблем.
Дехидрираноста обично се јавува во текот на летото, поради превисоките температури, а најчеста причина е загубата на вода.

ЛЕСНА ДЕХИДРАЦИЈА
Започнува кога телото ќе изгуби два проценти од вкупната течност. Најчестите симптоми се:
-жед
-губење на апетит
-сува кожа
-црвенило во лицето
-темна боја на урина
-сува уста
-замор или слабост
-тремор
-вртоглавица


Најчести причини се: грип, повраќање, дијареја, загуба на крв, неправилна исхрана и замена на течности што сте ги изгубиле преку потење и мокрење, т.е. не внесувајќи доволно вода. Многу болести можат да предизвикаат акутна дехидрираност како резултат на зголемена телесна температура и потење што ги придружува. Затоа лекарите советуваат да земате многу течности кога сте болни, затоа што, течностите, се потребни за исфрлање на токсините, а телото да функционира нормално. Кога дехидрираноста е последица на загуба на вода, таа се третира со рехидратација, односно внесување вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хоророт што го преживеала оваа жена не би му го посакале ниту на најлошиот непријател: Била силувана осум часа, а потоа полиена со киселина!

Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило …