Концерти „Musica Viva на отворено“: Студентите на ФМУ со дела од светската музичка литература

Концертната серија „Musica Viva на отворено“ како дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се реализира на 26, 27 и 28 јуни. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.

Концертите ќе се одржат по следниот распоред:
26 јуни: Вокален мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни: Камерно-солистички мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни: Сонатен мозаик, Фоаје на НУ Национална опера и балет

Почеток на сите концерти е во 19 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на fmu@fmu.ukim.edu.mk

Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …