(ФОТО) Уште една повреда на Харисон Форд – сега станува збор за рамото

Актерот Харисон Форд го повредил рамото додека вежбал за борбена сцена за време на снимањето на последното продолжение на филмовите во Индијана Џонс.
Филмското студиото „Дизни“ не соопштило колку е сериозна повредата на Форд, но рекле дека распоредот на снимањето ќе биде прилагоден „во следните недели“.
Холивудскиот актер се врати во улогата на археолог-авантурист на 78-годишна возраст. Петтото и последно продолжение на серијата се снимаше во Велика Британија во последните неколку недели, а премиерата е планирана за 2022. година.

Инаку, ова не е прва несреќа што Харисон Форд ја доживува на снимањето.
Кога го снимаше „Војна на Sвездите“ пред седум години, врз него падна хидрауличната врата на „Милениумскиот сокол“, авион управуван од неговиот лик Хан Соло.
Тогаш ја скрши ногата и беше пренесен во болница, а како што објавија медиумите, инцидентот можел да го чини живот.
Форд имаше и неколку несреќи додека упарувал со авион. Имено, тој во 2017. година скоро се судри со комерцијален авион со повеќе од 100. патници во неговиот едномоторен авион, при слетувањето на пистата на американскиот аеродром.
Исто така, во 2015. година, тој ја скрши раката и се здоби со полесни повреди на главата при слетувањето во Калифорнија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …