(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм „The Boss Baby: Family Business“, со сите шест деца.

Семејството Болдвин било импресивно на црвениот тепих бидејќи сите биле облечени исто – црни костуми, свилени вратоврски и бели кошули. Најмалите деца, Едвард и Лусија, во раце ги држеле Алек и Хиларија, додека четирите постари деца: Кармен (7), Рафаел (5), Леонардо (4) и Ромео (2) носеле црни актовки.

Семејството го прослави објавувањето на анимираниот филм на Алек, „The Boss Baby: Family Business“, продолжението на „Boss Baby“ од 2017. година.
Уште во март, Алек и Хиларија го дочекаа своето шесто дете, ќерката Луција, со помош на сурогат мајка, само шест месеци откако 37-годишната го роди синот Едвард.
На почетокот на оваа година, Хиларија се најде на удар на критики за фалсификување на шпанското наследство, откако беше откриено дека нејзиното вистинско име е Хилари и дека е родена во Бостон, а не во Мајорка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …