(ФОТО) БИЛА МИС: Има 16. години но и прогерија – за една година добила изглед на старица

Раизел Грејс Калаго (16) е убава тинејџерка од Филипини. Сепак, минатата година, таа почнала да добива брчки преку ноќ, и за само една година, таа „остарела“ неколку децении. Таа сè уште оди во средно училиште, но кога ќе се појави на улица, сите мислат дека има педесет години.


„Промените почнаа да се случуваат прво во форма на осип под вратот и лицето. Имав болка на допир. Потоа, кога осипот ќе се повлечеше, брчките остануваа. Ги посетивме сите можни лекари, но никој немаше идеја што ми се случуваше“, вели Раизел.


Конечно, во еден момент наишле на експерт кој открил дека станува збор за исклучително ретко пореметување наречено прогерија или синдром Хачинсон-Гилфорд.


„Сè уште сум млада а изгледам како стара жена и морам да се помирам со тоа. Луѓето често мислат дека сум постара од мајка ми, таа е исклучително млада”, вели Раизел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доктор тврди дека знакот дека имате дијабетес се гледа во очите

Неколку стотици илјади Македонци имаат дијабетес, а најчести симптоми се жед, замор, почести посети на …