(ФОТО) „Бекстејџ“ сторија – Ќерките на Маја и Дарко Панчеви: „Никогаш не сме можеле да посакаме подобри родители“

Ќерките на Панчеви не се експонираат многу јавно, посебно не по медиумите. Меѓутоа, сепак сега за „Бекстејџ“ се појавија пред камери и проговорија за нивните родители.

Познатата македонска двојка, Маја и Дарко Панчеви, заедно се повеќе две децении а меѓу другото се посебно горди и среќни родители на две ќерки Надица и Марија.
Постарата ќерка Надица е студент по Германски јазик на „Филолошкиот факултет“ во Скопје.
„Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, изјави Маја за неа.

Додека Надица е посветена на студирање на јазици, нејзината помала сестра Марија се остварува како модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“.
Ќерките на Панчеви не се експонираат многу јавно, посебно не по медиумите. Меѓутоа, сепак сега за „Бекстејџ“ се појавија пред камери и проговорија за нивните родители.

„Ние сме прегорди, затоа што никогаш не сме можеле да посакаме подобри родители. Тие секогаш не учат на најдоброто, ни го посакувата најубавото, и сакаат да постигнеме се најдобро во животот и многу ги сакаме“, изјави Марија за „Бекстејџ“.

Дел од интервјуто за „Бекстејџ“ погледнете го на линкот.

Извор:vistina.mk

Фото: Принтскрин/Инстаграм и Бекстејџ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Истражувањата откриваат дека само ЕДНА РАБОТА НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ: Оние што го имаат ОВА, а тоа не се пари и кариера, живеат МНОГУ ПОДОЛГО И ПОДОБРО ОД ДРУГИТЕ

Според грчкиот филозоф Платон, за да имаат среќен живот – душа, разум, волја и желба, …