Фотографијата на Роналдо и Мбапе од тунелот после натпреварот е хит на интернет

ФРАНЦИЈА и Португалија одиграа 2:2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На крајот од натпреварот, двете репрезентации имаа причина да бидат задоволни – Французите затоа што ја освоија групата, а Португалците затоа што се пласираа во осминафиналето.
Фотографијата на најголемите sвезди на Португалија и Франција покажува дека имало одлична атмосфера меѓу играчите по натпреварот. Фотограф на УЕФА ги фатил Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе насмеани на патот кон соблекувалната. Роналдо го гушкал младиот француски напаѓач од позади со кого разменил дрес на крајот од мечот. Фотографијата веднаш стана хит на социјалните мрежи.

 

Мбапе, напаѓачот на ПСЖ, никогаш не криел како Роналдо е неговиот идол, неговата соба, како дете, била прекриена со постери на Роналдо. Минатата година тој доби шанса да игра против Роналдо, а потоа објави слика на нив двајца со порака на идолот.

Со славниот Португалец се сликал и како 14-годишник кога бил во таборот на Реал.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …