ПЕТ ПРИЧИНИ поради кои ТИКВИЧКИТЕ мора да бидат на вашата чинија ова лето!

Тиквичките се најблагодарната летна храна со бројни лековити својства
Тиквичките се едни од најблагодарните летни намирници бидејќи можат да се подготват на многу начини, хранливи се и полни со минерали и витамини. Тие се одличен извор на манган и витамин Ц, потоа магнезиум, витамин А, калиум, влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2.
Тиквичките имаат корисен ефект врз целокупното здравје на организмот. Тие ја одржуваат линијата тенка заради ниската калорична вредност, ја подобруваат концентрацијата, имаат корисен ефект врз нервниот систем, ги зајакнуваат мускулите и срцето, а исто така влијаат и на исфрлање на вода и штетни материи од организмот.

1. Слабеење
Еден филџан тиквички содржи само 19 калории, богата е со вода и содржи здрави влакна.Оваа комбинација ви помага да се чувствувате сити, што доведува до вкупно помалку калории. Како и повеќето овошја и зеленчуци, тиквичките се природно малку масни и калорични, а сепак можат да заситат.

2. Го чуваат срцето
Со секој филџан исечени тиквички, ќе добиете еден грам влакна, но немојте да ве залажува навидум малата количина. Што се однесува до влакната, секој грам придонесува за добро здравје на срцето. Влакната се клучен дел од здравата исхрана, што го намалува нивото на холестерол. Потрошувачката на храна богата со растителни влакна ја намалува инциденцата на коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес тип 2 и рак на дебелото црево, заклучува студија објавена во „The Lancet“.

3. Го забрзуваат варењето на храната
Тиквичките содржат растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во самото варење. Содржината на вода во тиквичките помага и при целосна хидратација и варење, помагајќи и на храната полесно да поминува низ гастроинтестиналниот тракт.

4. Богата е со витамин Б6
Една чаша тиквички содржи и 11 проценти од дневните потреби за витамин Б6. Овој витамин е важен за одржување на нервниот и имунолошкиот систем здрав.

5. Богата е со витамин Ц
Чаша тиквички ќе ви обезбеди четвртина од дневната потреба од витамин Ц, кој делува како антиоксиданс за да ги заштити вашите клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо од растителна храна, што е добра причина да јадете тиквички заедно со лиснат зеленчук, како што се спанаќ или кељ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …