НЕВЕРОЈАТНО дејство на јодот: Го засилува ефектот од вакцината и го јакне имунитетот

Јодот е практично незаменлив како антибактериско и антивирусно средство
Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди на секоја индивидуа е точно пропорционална на силата на имунитетот. Секој организам произведува антитела по вакцинацијата.
Покрај урамнотежена исхрана, богата со овошје и зеленчук, физичка активност, квалитетен сон и позитивно расположение, многу е важно да се добијат потребните количини на витамини, минерали и други елементи клучни за имунитетот.

Внесувањето минерали е најдобро преку храна и пијалоци
Таквиот внес е многу покорисен отколку кога се користат додатоци. Во исто време, за да се зачува силата на имунитетниот систем да се бори против ковид, би било многу добро да се ослободите од какви било други инфекции.
Бројни студии докажуваат дека микроелементот јод е практично незаменлив како ефективно антибактериско и антивирусно средство.

 

 

Јодот ги елиминира патогените
Истражувањето на д-р Дејвид Дари, објавено во американски професионални списанија, ја нагласува доминантната улога на јодот во зајакнувањето на имунитетниот систем, особено во борбата против вирусни инфекции и ковид.
Покрај познатиот факт дека јодот ги елиминира сите патогени, вклучително и деактивирање на вирусот во организмот и на кожата, што најдобро придонесува за зајакнување на организмот, неговата најважна улога е таканаречената апоптоза – програмирано уништување на заразени клетки. Затоа во моментов е вистинското време да се зајакне и зачува имунолошкиот систем со внесување доволно дневни количини на јод.

Јадете морска храна
Препорачаните дози се до 2,4 милиграми на ден. Јодот е најзастапен во морските плодови, особено во алгите.


Но, не ги занемарувајте ниту овие намирници: бакалар, лосос, млечни производи – посебно јогуртот, сол со јод, шкампи, туна, јајца, суви сливи, свежо овошје и зеленчук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …