(ВИДЕО) ТАЖНО – Поканила 22. деца на роденденот на својот син: Никој не се појавил!

Мајка на нејзиниот профил @ dawners86 на ТикТок во својата објава зборувала за траумата што ја доживеал нејзиниот син. Како што објаснила, таа поканила повеќе од 20 деца на неговиот шести роденден, а дружењето морало да биде на отворено, за сè да биде според ковид правилата.
Снимајќи ја пустата околина, таа на придружниците им рекла: “Седиме во паркот. Роденден е на Ј.J.., подготвивме сè, неговата забава започна пред половина час. Буквално нула луѓе се појавија на неговата прослава”.

@dawners86heart broken. #heartbroken #sosad #hurt #wow #lonely #poorguy #sadboy #birthday #happybirthday #omg #cry


♬ SAD – Instrumental – Nhím Stone


Таа додала дека испратиле точно 22. покани, но никој не одговорил и признала дека и самата била многу вознемирена од ситуацијата во која се нашле.
„Тој заслужува подобро. Тој е неверојатен”, рекла таа, опишувајќи го својот син.
Во видеото, во далечината може да се види момче кое си игра само.
Видеото собрало повеќе од два милиони прегледи за само еден ден, а многумина сакале да испратат подароци за роденденот на J.J.. Сепак, мајката одбила, заклучувајќи дека таа и нејзиниот син навистина ги ценат понудите, но дека не му требаат играчки и ги замолила луѓето да ги однесат подароците во најблиската болница.
„Тој има играчки. Тој само сакаше да помине извесно време со неговите пријатели”, објаснила таа.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …