(ВИДЕО) „Бегство од палатата“: Нов трејлер за контроверзниот филм за Хари и Меган

Новиот трејлер за контроверзниот филм за војводата и војвотката од Сасекс – „Хари и Меган: Бегство од палатата“, на својот профил на Инстаграм го објави актерката Сидни Мортон, која ја игра Меган Маркл.


На видеото се гледа како Хари, кого го игра Џордан Дин, ја теши Меган и коментира за начинот на кој медиумите се однесуваат кон неа: „Гледам дека буквално те прогонуваат и јас сум беспомошен, не можам да го спречам тоа“.

loading...

View this post on Instagram


A post shared by Sydney Morton (@sydmo7)


„Јас сум личност која е силна и ги правам вистинските работи. Не можам да те изгубам“, одговара Меган или Сидни.
На видеото се гледа и парот како го „оживува“ интервјуто со Опра Винфри, во кое Меган тврди дека членовите на кралското семејство „разговарале со Хари за фактот дека нивниот син Арчи може да има темна кожа кога ќе се роди“.

Актерката Сидни Мортон искуството од снимањето на овој контроверзен филм претходно го нарекла „диво возење“ во продукцијата на „Lifetimea“ по реакцијата на јавноста во врска со кастингот.
Имено, кога беше откриено кој ќе ги игра принцот Хари и Меган Маркл, многу луѓе не го криеја разочарувањето на социјалните мрежи, тврдејќи дека актерите дури и не изгледаат како вистинските војвода и војвотка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е голем празник – Крстовден: Кој се крсти со крст тој на Крстовден пости – Утрешниот ден ќе ни покаже каква зима не чека!

Македонската православна црква и верници на 27. септември слават есенски Крстовден, денот кога е пронајден …