(ВИДЕО+ФОТО) СУПЕРХЕРОЈ ВО ВАТИКАН: Откриено кој е Спајдермен кој се ракувал со папата

Суперхеројот Спајдермен се ракувал вчера, на општата аудиенција, со папата Франциско, што не поминало незабележано меѓу присутните.
И’ покрај големата жештина, човек во тесно црвено-сино одело трпеливо го чекал својот ред во ВИП ложата во друштво на поскромно облечени свештеници, за да се ракува со Светиот Отец на кој му дал маска од Спајдермен која тој „повеќе не ја носи“.

Неговото пристигнување во дворот на Апостолската палата речиси го свртело вниманието од папата. Суперхеројот, кога децата со ентузијазам го поздравиле, позирал и се фотографирал со нив и со возрасните.

Во костумот всушност се криел 28-годишниот Италијанец Матијас Вилардита, чија животна приказна ја раскажа Осерваторе Романо, весник во Ватикан, претежно фокусиран на теолошки теми.
Младиот човек, вработен во пристаништето Лигурија, на северозападот од Италија, во последните неколку години бил во посета на болници облечен во неговиот костум како волонтер со цел да им ја врати на децата насмевка. За да биде што е можно посличен на неговиот херој, тој спортувал секој ден.

Тој самиот ја поминал целата своја младост во болници каде се лекуваше од вродена болест.
На почетокот на годината, италијанскиот претседател му врачил висок медал за несебично помагање на другите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …