Вечерва е полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кои македонски претставници ќе се борат за финалето!

Дојде и тој момент…После две години натпревари, поради пандемијата, вечерва ќе се одржи полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ а во него и македонски изведуваи кои и тоа како го свртеа вниманието на себе…
Оваа година, има претставници од целиот регион, како и од Македонија.
Марија Груевска која е под менторство на Александар Милиќ Мили вечерва ќе се бори за влез во финалето.
По тој повод, таа се огласи на „Инстаграм“.
„24 јуни, полуфинале – „Ѕвездите на Гранд“, напиша Груевска покрај фотографија на која е облечена во модна комбинација за полуфиналната вечер.

Исто така, и Мите Стоилков кој е под менторство на Вики Миљковиќ ќе настапи вечерва и ќе даде се од себе за да влезе во финалната вечер.

„Драги мои.Полека но сигурно пристигнавме и до полуфинале!!! Многу сум задоволен од мојот досегашен успех во музичкото шоу ‘Ѕвездите на Гранд’. Утре ќе имате можност да го проследите премиерното издание на полуфиналната вечер и да го погледнете и слушнете мојот настап. Се надевам дека ќе бидете позитивно изненадени“, напиша Мите на Инстаграм.

Инаку, полуфиналето ќе може да го гледате вечерва во 22. часот на Канал 5 телевизија. Финалето ќе биде во сабота, а за победникот ќе одлучува публиката.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …