(ФОТО) Град Скопје ја награди атлетската рекордерка Дрита Исљами со 100.000 денари

Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со македонската атлетичарка, Дрита Исљами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Исљами на првиот ден од Европското екипно првенство во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди и го освои првото место.

По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на атлетичарката Дрита Исљами, Град Скопје ќе и додели награда во износ од 100.000 денари.

Со Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка неколку години наназад на Атлетскиот клуб Работнички од Скопје, во чии редови последниве години е постојан член наградената наша најдобра атлетичарка на кратки патеки Дрита Исљами, која достојно го презентираше градот Скопје и нашата држава, постигнувајќи го најголемиот успех во македонската атлетика, поставувајќи нов македонски рекорд во атлетската дисциплина спринт на 400 метри со пречки со време 57,53 секунди, со што е највреден резултат во последните 20 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …