(ФОТО) Водителка се бори со рак: „Знам дека нема да видам кога моите деца ќе наполнат 18. години“

Водителката Дебора Џејмс боледува од рак на цревата. Неодамна, јавноста беше информирана дека тестовите во една лондонска болница покажале загрижувачки резултати.
„Вистина е дека мојот карцином никогаш не исчезна. Тој заспа за кратко, но сега се врати и овој пат лековите не делуваат”, напишала таа во својата колумна за „The Sun.

Новите рендгенски снимки откриле нова, брзорастечка форма на тумор во близина на нејзиниот црн дроб и таа не реагира на експерименталните лекови кои започнала да ги зема минатата година.
Дебора (39) рекла дека нејзиниот онколог сака да се врати на хемотерапија. Таа посочила дека луѓето со рак на цревата живеат до максимум две и пол години по дијагностицирањето, а со оваа болест се бори од 2016. година.
„Додека се подразбира дека се чувствувам како да сум го достигнала дното, сепак не се откажувам“, рекла Дебора.

“Сè уште сум исплашена, сè уште го претпоставувам секое можно сценарио. Сè уште мразам општа анестезија и се плашам секој пат кога нема да се разбудам. Загрижена сум дали нешто ќе тргне наопаку. Се плашам дека ќе полудам среде ноќ, ќе бидам нервозен што треба да спијам сама во болница. Исто така, се прашувам што ако умрам за време на операција“, рекла таа.

Таа и нејзиниот сопруг Себастијан Боуен имаат две деца – синот Хуго и ќерката Елоиз. Таа вели дека се плаши дека нема да ја дочека нивната зрелост.
„Навистина ми е тешко да ги гледам моите деца. Имам 13. годишник и 11. годишна ќерка и се прашувам дали некогаш ќе ги видам дека ќе наполнат 18. години. Веројатно нема. Сè што сакам е да имам иднина и сонувам за тоа. Сакам да го доживеам својот 40-ти роденден, да направам голема забава“, заклучува новинарката.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НУМЕРОЛОГИЈА- ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ ОД ГОДИНАТА НА РАЃАЊЕ ОТКРИВА: Што ви е судено на 5. животни полиња!

Луѓето со елемент на земја се сигурни и трпеливи. Моќта на земјата им дава одговорност …