(ФОТО) ВАЛЕРИЈА (40) ГО УБИЛА СОПРУГОТ КОЈ ЈА ЗЛОСТАВУВАЛ И’ И БИЛ МАКРО: Едни мислат дека е хероина а други дека е ладнокрвен убиец! Еве зошто!

Во моментов се одржува судење во Франција, што предизвика вистинска бура во јавноста. Општеството беше поделено во два табора: едниот ја бранеше Валерија, додека другите ја осудија…
Валерија Бакот има 40 години и е мајка на четири деца. Ноќта на 13. март 2016. година, таа го застрелала, во задниот дел на главата, нејзиниот сопруг и поранешниот очув Даниел Полет, додека тој се обидувал да го запали автомобилот.
„Се слушна силен звук, блесок, мирис на барут“, се присетува таа, опишувајќи детално како го потпрела наполнетиот пиштол на потпирачот за глава на возачкото седиште за да не промаши, а потоа ги затворила очите и го повлекла чкрапалото.
„Јас навистина не разбирав што правам. Излегов од автомобилот и тој само испадна”.
Подоцна истата вечер, Валерија ги повикала своите двајца синови, но и момчето на нејзината ќерка и ги замолила да и помогнат да го погреба телото на Даниел во шумата недалеку од куќата. За да го осветли нивниот пат, Валерија користела батерија на нејзиниот телефон.

Една година подоцна, полицијата пронашла плиток гроб каде бил погребан Даниел Полет.
Еден дел од италијанската јавност ја брани Валерија Бакот, сметајќи дека нејзината постапка е оправдана затоа што со децении трпела страшно физичко насилство, сексуално и емоционално малтретирање од нејзиниот сопруг, возач на камион.

Даниел Полет бил алкохоличар и осуден сексуален престапник, кој започнал да ја силува Валерија, додека таа била негова пасторка и имала само 12. години. Подоцна ја присилил на проституција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …