ПРИСТИГНУВА НАЈВАЖНИОТ АСТРО ПЕРИОД ВО 2021 ГОДИНА: Се што е старо ќе се урне!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Време е за нови почетоци
Астролошките „квадрати“ се познати по тоа што создаваат тензија помеѓу две точки – и со оваа вклучувајќи го Сатурн, планетата на правила и граници и Уран, планетата на слободата и бунтот, можете да се обложите дека работите наскоро ќе станат доста интензивни.
Циклусот на Сатурн и Уран започна уште во 1988 година а завршува во 2032 година. Ова е конфликт на новото и старото. Уран, кој се стреми кон промени, е безмилосен и уништува. Сатурн е крут облик, почитувајќи ја традицијата и „старото“. Кога овие две планети се во квадрат, тогаш се случува УРИВАЊЕ (на стариот Сатурн) и започнува (нов Уран).
На глобално ниво, насилните промени ќе започнат во форма на поплави, земјотреси, вируси. Земјата (Уран во Бик) е полна со отрови, токсини и се движи како да избива лава на површината. Сатурн (стар) сака да се држи до рамката. Потоа доаѓа до пукање.

Луѓето и нивната свест се менуваат
Тие ги напуштаат старите рамки кои се однесуваат на материјалниот свет како што се парите, функцијата, моќта и гледањето само на себе. Тие се свртуваат кон природата, кон своето семејство, кон примарната блиска околина, почнуваат да ја почитуваат земјата во вистинска смисла на зборот, сакаат куќа и градина, своја градина, дрво, овошје и зеленчук. Сето тоа е Уран во Бик.

Сè што започна со овој циклус од 1988-2000 година сега влегува во завршна фаза. Структурите што се создадени потоа пропаѓаат.
Генерации родени помеѓу 1988. и 2000. година се носители на промените
За сите нас останати кои започнавме и направивме нешто во периодот од 1988 до 2000 година сега доаѓа до рушење. Без разлика дали станува збор за брак, долги врски, заеми, позајмици, купување стан итн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Свадбени фотографии од овој пар разбесниле многумина: „Најодвратни на сите времиња“

Фотографиите од венчавката на непознатата двојка се проширија на социјалните мрежи, а необичната тема на …