(Вознемирувачко ВИДЕО) Стравична снимка од Чешка: Полицајци убиле Ром – му клечеле на вратот, владата вели „нема чешки Флојд“!

Еден Ром во Чешка настрадал затоа што полицаец за време на интервенцијата го задавил притискајќи му го вратот со коленото.
По објавувањето на видеото на кое се гледа како полицаецот го држи коленото на рамената и вратот на Ромот кој подоцна починал, чешката влада изразила поддршка за работата на полицијата, нагласувајќи дека „не станува збор за чешки Џорџ Флојд“.

Здруженијата на Ромите изразиле зачуденост по објавувањето на видеото снимено минатата сабота од прозорецот на зградата во северозападниот чешки град Теплице.
Тројца полицајци ги опколиле Ромот со намера да го уапсат, но само неколку минути подоцна човекот лежел неподвижен на тротоарот.
Припадниците на ромската заедница во Чешка го споредија инцидентот со смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој починал откако припадник на полицијата во Минеаполис му го притискал вратот со коленото повеќе од девет минути во мај 2020 година.
Чешката полиција тврди дека употребата на сила била неопходна бидејќи човекот бил агресивен.
„Нема чешки Флојд“, соопштила чешката полиција отфрлајќи ги обвинувањата што се појавија на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …