(ВИДЕО) Може ли Toyota Hilux да преживее пад од 3000. метри висина?

И покрај бројните сведоштва најдобро зборуваат за сигурноста на камионетот на Тојота, некои со предизвиците сè уште одат предалеку.
Ова веќе можеше да се насети во првиот круг на тестови за издржливост низ кои помина Тојота, во режија на каналот YouTube WhistlinDiesel. Сега тој одлучил во нова рунда да го повтори она што го направија и во „Топ Гир“, а тоа е пад од голема висина. И додека Hilux во британската серија падна од височина од 61 метар (и повторно запали), тука тие се одлучија за малку порадикален тест.
Со помош на хеликоптер ја кренале Тојотата на 152 метри во висина и ја оставиле слободно да паѓа. Две камери го снимале настанот, едната од Тојота, а другата од земја. Тојотата падна на „нос“, што значи дека немало спас за неа. Наместо пристоен погреб, тие го кренале автомобилот на висина од 3048 метри и го пуштиле. Тојота летала 29 секунди и конечно се залепи на земја.
Погледнете во видеото подолу што останало од неа. Ако сметате дека тоа било бесмислено, знајте дека ова видео привлече 3,6 милиони прегледи за само неколку дена. Што се однесува до авторот, мисијата е сигурно исполнета.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега – Неограничен мобилен интернет засекогаш на најбрзата мобилна мрежа

А1 Македонија со задоволство најавува збогатување на новогодишната кампања и продолжува со неверојатно атрактивни поволности …