БАРСЕЛОНА ОВА ДОЛГО ГО ЧЕКАШЕ: Меси останува на „Камп Ноу“, Аргентинецот се согласил да ја продолжи соработката!

Фановите на Барселона долго чекаа на веста дека Лионел Меси го продолжува договорот со клубот – и конечно ја дочекаа.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња одлучил да потпише нов договор со Каталонците на една плус една година, објави шпански „Копе“, а пренесоа сите релевантни медиуми во земјата.
Капитенот на клубот од „Камп Ноу“ најпрво ќе ја иницијализира лојалноста до летото 2022. година, за да може Барселона да ги „испегла“ финансиите пред контролниот суд на Ла Лига. Така што неговиот двегодишен договор не го оптоварува сериозно буџетот на почетокот.
После тоа, договорот ќе биде продолжен на уште една година, што значи дека Меси ќе го носи дресот на каталонскиот гигант до 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Останува да се официјализира. Тоа веројатно ќе се случи кога Лео ќе се врати во Барселона, бидејќи моментално е фокусиран на Копа Америка, каде ќе се обиде да го освои трофејот со Аргентина.
Лионел Меси е во Барселона од 2000. година, тој дојде од Аргентина кога имаше 13. години. До денес, тој има одиграно 778. натпревари за гигантот од Ноу Камп, постигна 672. голови со 305. асистенции и освои „брдо“ трофеи: четири Лиги на шампиони, три клупски Светски првенства, десет титули шампиони во Шпанија …
Да потсетиме, дресот на Каталонците во овој преоден рок го задолжија Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Емерсон Ројал и Мемфис Депај.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …