(ФОТО) МНОГУ ЕМОЦИИ И ПОЧЕСТИ ЗА КАПИТЕНОТ – Пандев: „Дваесет години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост!“

Фудбалската репрезентација на Макдонија ги заврши настапите на своето дебитантско учество на Европските првенства.Овој меч беше последен и за капитенот Горан Пандев.

„Возбуден сум и благодарен за цела Македонија. Дваесет години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост. Одигравме добро првенство, но ни фалеше тоа искуство. Ни фалеше многу малку за да направиме добар резултат. Вечно ќе се сеќаваме на овие денови. При стартот на Блинд добив удар, но Холандија е фаворит и домаќин и нормално судиите да се наклонети кон оваа селекција. Ние и на овој натпревар го дадовме максимумот, имавме два поништени гола, статива и уште неколку шанси. Но во вториот дел физички паднавме, а Холандија го искористи тоа. Нема простор за враќање. На 38 години да играм на два фронта е претешко. Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе обезбедат пласман на Светско првенство“, рече Пандев.

Пред мечот со „лалињата“, капитенот Џорџино Вајналдум покажа почит за нашиот ветеран и му подари дрес со број 122, во чест на неговата бројка настапи за македонската селекција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НУМЕРОЛОГИЈА- ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ ОД ГОДИНАТА НА РАЃАЊЕ ОТКРИВА: Што ви е судено на 5. животни полиња!

Луѓето со елемент на земја се сигурни и трпеливи. Моќта на земјата им дава одговорност …