(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува до многу строг начин на живот, па неговите нови фотографии ги изненадија и загрижија неговите обожаватели.
Славниот холивудски актер неодамна наполни 50. години, но сепак е еден од милениците на жените. Играше во бројни продукции, и често е на списоците на најплатените, но и најценетите актери.
Интересно е и тоа што неговиот живот денес е далеку помирен отколку во младоста, кога ги поминал тинејџерските денови во затвор поради проблеми со дрогата. Тој бил обвинет за обид за убиство, и познат по расистички испади, но успеал да излезе од сè и да сврти нов лист благодарение на неговата вера, и тоа го извлекло од бандата на која и припаѓал.
Тој се обидел и со манекенството, а извесно време работел и за престижниот бренд Калвин Клајн, и токму тоа го направило aвезда и му овозможило да се пробие во светот на актерството.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)


Поради улогите, не му било тешко да се трансформира, а денес е познат по бројните хит-остварувања во кои играше како „Boogie nights”, „Ted”, „The Departed“ и многу други.
Актерот поради своето проблематично минато се придржува до строг режим на живот, каде денот го започнува со молитва во 2:30 часот наутро, а завршува со поминување време со семејството до 19:30 часот кога си легнува. Меѓу тоа време, тој сместил неколку серии вежби и заеднички оброци со своето семејство.
Затоа беше изненадување кога неговите последни фотографии ги преплавија мрежите. Марк, кој е секогаш во топ форма, за само 3. недели се здебелил 20. килограми и загрижил многу фанови со својот изглед.

За среќа, тоа било само за улогара за филмот „Сту“ за поранешна легенда во боксот во тешка категорија.

– Играм момче кое беше борец. Тој се пресели во Лос Анџелес за да стане актер, се заљуби во девојка, се случи несреќа, а потоа имаше духовно искуство надвор од телото и реши да стане свештеник – објаснил актерот и додал:
– Почина од ретка болест, но имаше големо влијание врз многу луѓе за многу кратко време.


Марк со ентузијазам ја дочекал оваа улога, имајќи предвид дека конечно, со оглед на строгиот режим, може конечно да ужива во омилените задоволства на неговото срце.- Тие сакаа да добијам тежина на здрав начин, но толку долго сум во строг режим, што едвај чекав да јадам палачинки – признал актерот.

Со вишокот килограми, Марк пуштил и мустаќи, а исто така ја избричил главата па навистина да не личи на Марк на кој сме навикнале. Едно е сигурно – сите со нетрпение ја очекуваат премиерата на филмот, но и колку долго ќе му треба на актерот да се ослободи од сите овие килограми.

Фото: Принтсктин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …