Премиера во ТДМ: На 23. јуни нова претстава – „Подрум“ од Драган Довлев

На 23.06.2021 во 20:00 часот во Н.У. Театар за деца и младинци ќе биде премиерно изведена младинската претстава „ПОДРУМ”, наменета за возраст од 14+ години.

„Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил.

  „ПОДРУМ” е авторски текст и режија на Драган Довлев, а улогите ги толкуваат: Никола Наковски, Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Изабела Новотни и Бојан Кирковски.

„Подрум“

„Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее. Рамнодушноста кон професионалните и театарските правила и критериуми, немањето иницијатива и желба за посериозна работа и работењето по линија на помал отпор и за плата  се наметнаа како теми за кои вреди да се жртвувам и пред година и пол почнав да го пишувам текстот, кој по два неуспешни наслова го доби името „Подрум“.

„Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил.

Текстот не е само мој, во неговото дообликување и на мое инсистирање учествуваше погопемиот дел од екипата. Актерите ми го исполнија срцето, им ја оставам претставата со полна доверба во нивниот талент и посветеност. Ви благодарам на сите. Што и да се случи со оваа претстава не жалам ни за една секунда во целокупниот процес“, реча Драган Довлев

Во реализацијата на претставата „Подрум“ учествуваат:

Режија, текст и избор на музика : Драган Довлев

Сценографија, дизајн и изработка на кукли: Кирил Василев

Костимографија: Љубица Велкова

Сценографија и реквизита: Бранкица Јордановска

Плакат, видео – бим и фотографии: Филип Кондовски

Дизајн на звук: Ален Хаџи – Стефанов

Светло мајстор: Оливер Ставрев

Тон мајстор: Ангеле Насковски

Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Шминка: Игор Петрески

Играат:

Мистер В – Никола Наковски

Панкерот и Актерката – Матеа Јанковска

Пијаницата и Првиот Сценски Работник – Петар Стојанов

Хигиеничарката и Инспекторката – Изабела Новотни

Вториот Сценски Работник, Чуварот, Актерот и Директорот – Бојан Кирковски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …