Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Домат
Антиоксидансите од доматите се добра превенција од инфекции на површината на кожата што е оштетена како резултат на изложеност на силна сончева светлина.
Извадете го доматот од фрижидерот, излупете го, па исечкајте го во блендер или изгмечете го со вилушка за да стане кашест. Додека е сè уште ладно, нанесете ја смесата на изгорениците и оставете ја да отстои половина час, а потоа извадете ја со влажна крпа.

Краставици
Сите знаеме колку е ефикасна маската од краставица за сува кожа на лицето. Бидејќи ја стимулираат циркулацијата и природно ја враќаат влажноста на кожата, краставиците се исто така одлично решение за изгореници од сонце.
Исечете ја ладната краставица на прстени, а потоа распоредете ја на изгорената кожа. Оставете да отстои 15-20 минути, а потоа заменете ги со нови, поладни прстени и повторете ја постапката уште еднаш.

Јогурт
Јогуртот е добро позната метода за санирање на изгореници, бидејќи ги ублажува симптомите како што се пецкање и затегната кожа.
Критичните области можете да ги премачкате со дебел слој ладен јогурт, а доколку сакате да го засилите ефектот, тогаш можете да го измешате јогуртот со овесна каша или дури и да намачкате јогурт и да распоредите краставици на него. Во секој случај, држете ја смесата околу 15 минути, исплакнете со ладна вода и повторете ја постапката за еден час.

Јаболков оцет
Оваа магична течност прави чуда за вашата кожа, особено ако е оштетена од сончевите зраци. Јаболков оцет ќе ги отстрани штетните бактерии од површината на кожата и ќе и овозможи на кожата да ја врати рамнотежата на pH нарушена со сушењето.
Измешајте половина литар ладна вода и половина чаша јаболков оцет, а потоа натопете памучна пелена со таа смеса и со неа покријте ги изгорените делови од телото. После 15 минути, навлажнете ја крпата повторно и повторете го третманот.

Компир
Кога ќе ја ставите раката во деловите со изгореници, имате впечаток дека кожата ви гори, а компирот е познат како добар природен лек за „извлекување“ на температурата. Покрај тоа, овој зеленчук делува и како природен аналгетик, односно природен лек против болки.
Излупете компир, изрендајте го и исечете на тенки парчиња или изрендајте па ставете на болните места. Покријте со тенок чаршав или пелена и останете така најмалку 20 минути.

Сода бикарбона
Ако изгоре поголемиот дел од вашето тело, тогаш наполнете ја кадата со млака вода и ставете половина чаша сода бикарбона во неа. Легнете во таа вода и останете во неа околу десет минути.
За помали изгореници, ставете на раните облоги со ладна вода во која сте раствориле сода бикарбона и држете ги околу 15 минути. Направете го тоа неколку пати во текот на денот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …