„СЕ БОРАМ, МОРАМ! НИЕ СМЕ ЧЕТВОРКА БЕЗ КОРМИЛАР“: Оливера Балажевиќ не се помирува со смртта на саканиот Ѓорѓе!

Три и пол месеци по смртта на нејзиниот сопруг Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Савиќ-Балашевиќ организирала театарска презентација на книгата „Планета на дворот“ во Палиќ, каде се сетила на нивната прва средба, но и на последниот чардаш што тој го извел под нејзиниот прозорец. Промоцијата била многу емотивна, а Оља не ги криела солзите. Охрабрена од овациите, таа тажно зборувала за неодамна починатиот сопруг.

Сопругата на Балашевиќ открила како се справува со болката, во кшто наоѓа инспирација и причина за насмевка.

– Двајцата никогаш не престанавме да бидеме едно. Така сме воспитани, научени сме да го чуваме личното, емотивното искуство во себе, да го носиме со нас. Сè е комплексно, но така е и сега. Јас се борам, морам. Тука се моите деца, моите две внуки Симона и Петра – рекла таа и додала:

– Џоле е во сите наши спомени и сеќавања, а во секое нивно дело се наоѓаат нашите приказни и смеа. Јас сум многу горда на моите деца, на нивниот став и истрајност. Начинот на кој тие, со големо разбирање за мене, се справуваат со нашата загуба е охрабрувачка и поттикнувачка.

Семејството Балашевиќ ќе го искористи секој атом на сила за да го одржи во живот споменот на славниот панонски морнар и да им го пренесе на следните генерации.
– Она што сега е на оваа четворка без кормилар е да се справуваме истрајно и постојано во однос на она што е наследство на Џоле. Сеќавањата за него и нашите емоции никој не може да ги одземе – заклучила Оливера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …