Пожарникар открил се’ за последните моменти со принцезата Дајана во ноќта на трагичната несреќа

Пожарникарот, кој меѓу првите и помогнал на принцезата Дијана по трагичната несреќа во Париз, за ​​„Дејли меил“ раскажал за деталите и средбата со повредената принцеза Дајана.
Наредникот Хавиер Гурмелон за „Дејли меил“ изјавил дека принцезата Дајана, кога пристигнале на местото на страшната несреќа, сè уште се движела и разговарала.
„Таа на англиски рече ‘Господе, што се случи’. Го разбрав тоа, се обидов да ја смирам. Ја држев за рака”, рекол Гурмелон, кој дал изјава во полиција веднаш по акцијата таа вечер, но не зборувал за медиумите
Тој потврдил дека возачот и тогашниот партнер на Дијана, Доди Фајед, починале на самото место, како резултат на трагична несреќа на 31.08.1997 година.


„Дијана изгледаше физички добро, освен повреденото рамо“, се присетува Гурмелон, кој немал идеја дека се обидувал да спаси принцеза.
Дури кога и помогна на принцезата Дајана да влезе во брзата помош, сфатил за кого станува збор.
„Полицаецот ми рече која е и дури тогаш ја препознав. Прво, додека таа сè уште беше во автомобилот,не знаев за кого станува збор”, рекол тој.
Неговата приказна се совпаѓа со она што го рекол д-р Фредерик Малиез, кој се нашол на самото место, враќајќи се дома од прослава.


„Видов дека две лица починаа на самото место, и дека две се повредени, но сепак се живи. Телохранителот на Дијана имаше неколку повреди, но беше жив. Таа немаше сериозни повреди на лицето, тогаш не крвареше, но беше речиси во несвест и дишеше тешко. Првите неколку минути изгледаше добро“, се присетил тој.
Тој и се обратил на англиски јазик, велејќи и дека е лекар и дека брзата помош е на пат и дека сè ќе биде добро. Само што пристигнала брзата помош, тој заминал, не знаејќи на кого дал прва помош. Дури на вестите дознал за кого станува збор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НУМЕРОЛОГИЈА- ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ ОД ГОДИНАТА НА РАЃАЊЕ ОТКРИВА: Што ви е судено на 5. животни полиња!

Луѓето со елемент на земја се сигурни и трпеливи. Моќта на земјата им дава одговорност …