Подгответе се за тропски горештини: Еве што не очекува во наредните 5. дена!

УХМР објави временска прогноза за наредните 5 дена а акцентот е ставен на високите температури и високото УВ зрачење…
„Денес и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен. Денес попладне ќе има и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи“, велат од УХМР.
За денес (вторник) се најавува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Дневните температури ќе се движат од 32. до 38. степени.УВ=9
Утре (среда) се најавува сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 34. до 40.степени. УВ=9


Во четврток исто така ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: 14°C до 23°C. Максимална температура: 34°C до 42°C УВ=9.
Петок исто така ќе биде жежок – Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минимална температура: 15°C до 24°C. Максимална температура: 34°C до 41°C. УВ=8
Саботата нема многу да се разликува – Сончево и многу топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. Минимална температура: 13°C до 22°C. Максимална температура: 33°C до 40°C. УВ=8
Доколку е можно треба да се одбегнуваат излегувањата помеѓу 10 и 17 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …