КОГА ТОЈ ЌЕ СЕДНЕ НА ТРОНОТ, НИШТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Чарлс одлучил дали малечкиот Арчи ќе ја понесе титулата ПРИНЦ – Меган и Хари во шок!

Во британските медиуми веќе подолго време се шпекулира дали синот на Меган Маркл и принцот Хари, малиот Арчи, ќе ја има титулата принц.
Извор близок до кралското семејство тврди дека тоа воопшто не е можно, имајќи предвид дека принцот Чарлс не сака внукот да биде во редот на наследниците, туку затоа што размислува како крал, и кога ќе седне на тронот, ништо нема да биде исто.

– Ќе даде се од себе Арчи никогаш да не ја добие титулата или да биде дел од кралското семејство – додава, како и дека ќе ги скрати сите трошоци за некои луѓе да не можат да го користат нивниот статус.

Меган и принцот Хари, наводно, веќе се запознати со оваа одлука и тие не го прифатија добро потегот на Чарлс. Иако нивните односи се разнишани со месеци, планот на идниот крал сега само дополнително ги нарушил.
Имено, една од причините зошто Чарлс сака да го намали бројот на членови е финансиската криза со која се соочуваат, со оглед на тоа што јавниот интерес за кралското семејство се намалува секој ден.

Експертите веруваат дека Арчи сепак ќе може сам да одлучи дали ќе ја прифати титулата или не откако ќе наполни 18 години. Тие додаваат дека неговиот дедо сè уште не може да одлучува за такви потфати, а исто така веруваат дека првиот потег на идниот крал сигурно нема да биде отфрлање на неговите внуци. Сепак, експертите не ја исклучуваат ниту оваа опција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали Алек Болдвин може да ОДИ ВО ЗАТВОР за УБИСТВО? Еве што вели нивниот закон!

Актерот Алек Болдвин за време на снимањето случајно убил жена и ранил маж. Законот на …