(ВИДЕО) НА Филипините (повторно) со багер уништуваат запленети луксузни автомобили

Со багер уништиле скапи автомобили што биле конфискувани во последните две години.
Филипинската царинарница уништила 21 одземен автомобил со вкупна вредност од околу еден милион евра пред камерите. Егзотични автомобили како што се Мекларен 620Р, Бентли и Порше 911 завршиле под гасениците на багерот. Уништени се и нешто поевтини автомобили како Мерцедес СЛК, Лотус Елиз и Хјундаи Џенесис. Ниту 14 џипови „Митсубиши“ не ја избегле црната судбина.
Според достапните информации, станува збор за увезени возила кои биле запленети од 2018 до 2020 година. Тие биле уништени во согласност со претседателската директива дека шверцуваните возила мора да бидат уништени.

Да потсетиме, ова не е прв пат филипинската влада да нареди уништување на шверцувани возила. Претходно биле уништени вистински класици како BMW Z1 и Renault 5 Turbo, а имало и луксузни автомобили како Lamborghini Gallardo, Maserati Quattroporte и Mercedes SL 55 AMG.
Сега автомобилите се уништени „во согласност со претседателската директива 2017-447, во која претседателот Родриго Роа Дутерте наредил уништување на шверцувани возила за да испрати силна порака дека владата е сериозна во своите напори за борба против шверцот“.

Прашањето што многумина си го поставуваат, вклучително и самите жители, е дали продажбата на аукција на овие возила и донацијата на средства за локалната заедница би била доволна порака до шверцерите или уништувањето на автомобилите било единственото решение.

Фото:Bureau of Customs Philippines / Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …