(ФОТО) Усеин Болт станал татко на близнаци – ги открил нивните имиња

Легендарниот спринтер и олимписки победник Усеин Болт и неговата партнерка Каси Бенет во неделата објавија дека станаа родители на близнаци. Двете момчиња се викаат Тандер и Свети Лео.
Атлетичарот од Јамајка ја објави радосната вест на Инстаграм со семејна фотографија на Денот на таткото, со емотикон што претставува молња, кој го постави покрај имињата на момчињата, како и името на нивната постара ќерка Олимпија, родена минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b)

Каси Бенет објави и фотографии од семејството со порака:
„Среќен ден на таткото на мојата љубов засекогаш. @Usainbolt вие сте карпа на ова семејство и најдобар татко на вашите деца“.
Болт (34), освојувач на осум златни медали од Олимписките игри во 2008, 2012 и 2016 година, се повлече од спортот во 2017 година. Тој играше фудбал по неговата атлетска кариера, но во 2019 година го напушти светот на спортот. Тој сè уште држи светски рекорди на 100 и 200 метри и е единствениот спортист кој зеде злато во двете дисциплини на три последователни Олимписки игри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …