(ФОТО) МАЛ ХЕРОЈ – Роден е со помалку од половина килограм и без шанси да преживее – Сега го прославил првиот роденден!

Роден 131 дена пред терминот, Ричард тежел само 340 грама
Мал борец. Што друго може да се каже за Ричард Скот Вилијам Хачинсон кој влезе во Гинисовата книга како најрано родено бебе што преживеало.
Роден е во детска болница во Минеаполис пет месеци предвреме. Неговите лекари им соопштиле на неговите родители мрачни прогнози.
Неговата мајка Бет Хачинсон доживеала медицински компликации кои предизвикале породување во четвртиот месец од бременоста.
Роден 131 дена пред терминот, Ричард тежел само 340 грама. Тој бил толку мал што неговите родители можеле да го држат во дланката на едната рака, според Гинисовата книга на рекорди.

Малиот Ричард го прослави својот роденден

– Кога родителите Рик и Бет разговараа со лекарите, нашиот неонатален тим со тешко срце им објасни дека не очекуваат дека Ричард, бидејќи е роден многу рано, ќе може да преживее – рекла д-р Стејси Керн, која ја следела состојбата на Ричард.
– Знаев дека првите недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но чувствував дека може да преживее ако успее да го помине тоа – додаде таа.
Поради пандемијата на коронавирусот, на родителите на Ричард не им било дозволено да останат во болницата преку ноќ, па секој ден патувале до болницата неколку часа за да бидат покрај него.

Тој влезе и во Гинисовата книга на рекорди

Во декември 2020 година, по повеќе од 6. месеци во болница, Ричард бил отпуштен и отишол дома во прегратките на неговите родители.
– Денот кога ја доби неговата отпустна листа беше посебен. Се сеќавам на моите очи исполнети со солзи кога го подигнав од креветот – се присетила Бет.
Пред повеќе од 2. недели, на 5. јуни, малиот борец го прослави и својот прв роденден со семејството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …